Во акцијата на МВР уапсен екс градоначалник од СДСМ и син на поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

Од МВР денеска информираа дека се уапсени десет лица во координирана полициска операција што се спроведе денеска. Четворица од приведени се од Гевгелија, тројца од Струмица, двајца од Струга и едно лице од Демир Капија. Меѓу нив, како што неофицијално дознава ,,Фокус”, се и поранешен градоначалник на СДСМ и син на поранешен градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Притоа, извршени се претреси на четири локации во Струмица, Струга, Гевгелија и Битола и се обезбедени материјални докази, односно пари и поголема количина на наркотична дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија наменети за медицински цели“, стои во соопштението на МВР.

Приведените набрзо ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.

„Групата била инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана. Имено, од октомври 2023 година кога започна акцијата преземени се повеќе оперативно-тактички мерки и активности за сузбивање на групата“, се појаснува во соопштението од МВР.

Back to top button
Close