Во Амстердам кириите се највисоки во Европа – просечната кирија е 2.276 евра месечно

Кириите во Амстердам се највисоки во Европа, а меѓу петте најскапи градови се холандските Ротердам и Хаг, покажа истражувањето на агенцијата Housing Ever.

Среднорочното изнајмување на агенцијата за недвижности Housing Ever ги разгледа кириите за повеќе од 67.000 домови во 28 европски градови во првиот квартал од оваа година, а Амстердам се рангираше на прво место според цените, пред Рим и Париз, пишува „НЛ Тајмс“.

Амстердам е на прво место во сите три категории со просечна кирија од 2.276 евра месечно за стан, 1.740 евра за гарсоњера и 963 евра за соба.

Просечната кирија за стан во Ротердам е 1.795 евра, а во Хаг 1.790 евра

Во Ротердам цените на киријата се зголемија за 15,8 отсто на годишно ниво, а во Хаг за дури 25,6 отсто.На листата на десетте најскапи градови за изнајмување е уште еден холандски град Утрехт, кој го зазеде седмото место со просечна кирија од 1.746 евра.

Холандската асоцијација на станари Вонбонд соопшти дека е шокирана од резултатите од истражувањето.

Back to top button
Close