Во Белград претепана популарната актерка Слобода Миќаловиќ, се наоѓа во Ургентен центар

Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ била претепана денеска во Белград, јавуваат локалните медиуми.

Повредената актерка Слобода Миќаловиќ моментално е во Ургентниот центар на која и е извршена детална дијагностика.

Според Курир, Слобода Миќаловиќ се јавила во полиција околу 19.00 часот. Таа рекла дека била физички нападната од непознато женско лице на улицата „Караѓорѓев трг“.

„Кога патролата излегла на местото, било констатирано дека конфликтот настанал на паркингот, додека Слобода паркирал“, изјавил извор за Курир и додал.

„Наводно жената С.Д., ја прашала актерката зошто ја удрила со автомобилот, што Слобода негирала. После тоа настанал конфликт, односно пријавената потоа ја влечела актерката за коса и ја извлекла од возилото.

На местото на настанот пристигнала и Брза помош бидејќи Слобода се пожалила на болки во пределот на главата, поради што е префрлена во Ургентниот центар, јавуваат гореспоменатите локални медиуми.

Back to top button
Close