Во Бразил новозаразени со Ковид-19 речиси 40.000 луѓе
Во Бразил беа потврдени 39.924 нови случаи на заразени со новиот коронавирус во последните 24 часа. Со тоа, бројот на заразени лица во таа држава е близу два милиона, соопшти Министерството за здравство.
Во Бразил се заразени 1.996.748 лица од почетокот на епидемијата. Во изминатите 24 часа починале 1.233 лица, со што вкупниот број на смртни случаи е 75.366.