Во Казахстан од коронавирус починале повеќе од 50 медицински работници
– Во Казахстан повеќе од 50 медицински работници починале како последица на коронавирус или пневмонија, соопшти Министерството за здравство.
– Според нашите податоци, починале 51 наши колеги, 42 медицински работници постхумно се одликувани, изјави шефот на Комитетот за контрола на квалитет во Министерството за здравство, Тимур Султангазијев.
Поради зголемувањето на бројот на заразени, властите на 5 јули одлучија да воведат голем број дополнителни рестриктивни мерки за 14 дена.
На 14 јули, казахстанската Влада ги продолжи превентивните мерки до 2 август.
Досега во Казахстан се регистрирани 65.118 заразени лица, 396 лица починале, а повеќе од 39.000 се излекувани. паг/