Во Мадрид се прослави 8 септември – Денот на независноста и 30 години дипломатски односи со Кралството Шпанија

Вчера Мадрид, во организација на македонската амбасада во Шпанија, беше приреден свечен настан по повод 8 септември – Денот на независноста и 30 години воспоставени дипломатски односи помеѓу Република Северна Македонија и Кралството Шпанија.

На приемот свое обраќање имаа министерот Тимчо Муцунски, амбасадорот Едмонд Адеми, како и генералната директорка во шпанското министерство надворешни работи Аиноха Фабрега.

На приемот присуствуваа амбасадори од земјите акредитирани во Шпанија, претсатвници на државни институции, на градот Мадрид, претставници на шпанската академска заедница, медиуми како и членови на македонската заедница која живее и работи во Мадрид и Шпанија.

Back to top button
Close