Во Нови Сад момче ја застрела девојката па се самоуби

Девојка која била застрелана од своето момче во Нови Сад им подлегна на повредите, објавија српските медиуми.

Момчето пукало во партнерката, а потоа се застрелало себеси во главата, по што за кусо време починало.

Според првичните информации, убиецот, носејќи пиштол, влетал во солариум во градот каде што била девојката и веднаш ја застрелал. Таа починала на самото место.

Српските медиуми јавуваат дека дека напаѓачот е продавач на оружје во продавница лоцирана недалеку од солариумот. Инаку, тој бил ловец и легално го поседувал оружјето

 

Back to top button
Close