Во Шведска уапсени петмина осомничени терористи од Исламска држава
Безбедносните сили во Шведска уапсија петмина осомничени исламисти под сомнение за тероризам во врска со протестите по палењето на Куранот во јануари, соопшти денеска Шведската служба за безбедност (САПО).
– Претпоставуваме дека постојат меѓународни врски, особено со терористичката организација Исламска држава, изјави Сузана Трехорнинг, заменик-шефица на единицата за борба против тероризам на Сапо.
Петмината мажи беа уапсени во координирани операции во градовите Ескилстуна, Линкопинг и Штрангнас, информира таа.
Палењето на Куранот од десничарски политичар во Шведска во јануари предизвика проблеми со Турција, членка на НАТО