Во следните часови доаѓа ново невреме во Македонија

Kако резултат на поладен атмосферски фронт во горниот слој од атмосферата, денес (петок) во попладневните и во вечерните часови повторно во Македонија растат условите за развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Во ваква ситуација локално повторно ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер како и со појава на град.

Најголеми услови за појава на невреме има во западните и во северозападните предели од државава, потоа во делови од Скопската котлина, во централните предели од Македонија, како и на југоистокот и истокот од Македонија. Се на се, локална појава на невреме ќе има на повеќе места во Македонија.

Апелираме во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие до крајот на денов повторно ќе бидат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 41 степени, додека во Скопската котлина таа ќе се искачи до околу 40 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Извор: метеоаларм

Back to top button
Close