Во Турција е уапсен шеф на балкански наркокартел (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја соопшти дека во Истанбул е уапсен уште еден хрватски државјанин по потерница на Интерпол.

Станува збор за Кристијан Палиќ, кој е осомничен дека е еден од водачите на западнобалканското крило на меѓународниот нарко картел.

Сината потерница на Интерпол за Палиќ ја распишаа Бразил, Хрватска и неколку европски земји.

Утврдено е дека Палиќ бил еден од водачите на картелот, задолжен за снабдување на Европа со кокаин од Јужна Америка и дека соработувал со картели кои дејствувале во Европа, воспоставил врски со криминални организации во Јужна Америка и имал важна улога во перењето пари добиени од криминал.

Дел од турските медиуми тврдат дека токму тој бил клучен во тие незаконски активности.

Кристијан Палиќ извесно време бил следен од турските власти и бил уапсен во акција под кодно име КАРТЕЛ-3 во Бешикташ.

Неговото апсење ја нагласува клучната улога на Турција во глобалната борба против прекуграничните злосторства поврзани со дрога, објавија турските медиуми.

„Би сакал нашата драга нација да знае дека сме решени да ја исчистиме Турција од националните и меѓународните организирани криминални групи и трговците со дрога и со ваша поддршка ќе успееме“, објави Јерликаја на социјалните мрежи.

„Им честитам на нашите херојски полицајци кои ја спроведоа акцијата. Молитвите на нашиот народ се со вас“, рече министерот.

Ова апсење се очекува да има сериозни последици за западнобалканското крило на нарко картелот

Back to top button
Close