Вонредна седница на советот на општина Кавадарци: Хуманитарна помош за народот на Украина (ВИДЕО)

Советот на општина Кавадарци на вонредна седница вечерва донесе одлука да се испрати хуманитарна  помош за народот на Украина. Ваквата олдука уследи по доственото барање од здружението на украинци во земјава „Лесја Украинка“.

Седумнаесет советници гласаа „За“, додека советникот од Левица беше воздржан.  Општината ќе издвои 600.000 денари за здружението кое ќе треба да набави прехранбени продукти, а со донации ќе се приклучи и бизнис секторот.

Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на советот Стојанчо Рамов упатија апел до кавадарчани и овој пат да ја покажат својата хуманост, а претставник на Здружението „Лесја Украинка“ упати благодарност за одобрената хуманитарна помош.

 

Back to top button
Close