Возот за ЕУ може да побегне веќе во мај кога на европските избори се очекува екстремната десница да стане трета сила во ЕП

Екстремно десничарската политичка групација за Идентитет и демократија (ИД) со 12,5 или 93 пратенички места се позиционира како трета по ранг во Европскиот парлемент, покажуваат последните испитувања на јавното мислење пред европските избори закажани за мај годинава. На четврто место е  конзервативната група Европски конзервативци и реформисти. Првото и второто место останува и понатаму за Европската народна партија и Социјалистите и Социјалдемократите.

 

 

Екстремната десница се појавува како сила со најмногу гласови во Франција со Националното собрание на Марин Ле Пен, во Холандија со PVV на Герт Вилдерс и во Австрија со FPÖ.

Во оваа констелација на политичките сили не би имало драматични или радикални поместувања на европските политики доколку најголемата политичка групација, ЕПП не кокетира се почесто со екстремната десница и конзервативните политички формации. Во околности кога ЕПП се почесто и намигнува на крајната десна опција, според проекциите ЕПП заедно со екстремната десница и конзервативците стига до 367 места во составот на новиот парлемент.

Десничарското блокирачко мнозинство, составено од ИД, ЕЦР, ЕПП, највисоката унгарска партија Фидес и француската екстремно десничарска Reconquête преовладува со 367 места од вкупно 701 мандат.

Прогресивните политички сили сега стравуваат дека ако ЕПП се приклучи кон екстермната десница би се  нарушила можноста за усвојувањето на контроверзниот закон за обновување на природата, што значи дека ова може да значи проблеми за идното законодавство за животна средина што во актуелните услови предизвикани од климатските промени би можеле да имаат сериозни последици.

Шефот на социјалистите и социјал демокрфатите С&Д, Иратсе Гарсија Перез ја обвини ЕПП за „нормализација“ на крајната десница со последици за граѓаните на ЕУ.

Таа истакна дека покрај опасниот наплив на екстремната десница во Европа, „одлучувачки фактор е политиката на сојузи по изборите“, бидејќи, иако досега „традиционалните сојузи на проевропските сили беа реалност“, во 2023 година видовме „дека ЕПП ги отвора вратите и ја нормализира екстремната десница“, изјави Перез.

Од своја страна, генералниот секретар на ЕПП, Танасис Баколасаид, рече дека  перспективата ја гледа со про-ЕУ коалиција со социјалистите, зелените и либералите, иако предупреди дека по изборите, еколошките политики треба да се засноваат на „прагматизам“. 

Порастот на популарноста на екстремната десница како и кокетирањето на најголемото европско политичко семејство ЕПП со екстремистите во прашање ги доведува и другите проевропски политики каква што е проширувањето на ЕУ.

Борјан Јовановски

Back to top button
Close