Вработените на Токсикологија реагираат: В.д. директорката на работа останува по 4 часа, и го зголеми долгот на клиниката

Со назначување на в.д. организациски директор Бесија Иљази на Клиника за токсикологија, на само еден ден пред формирањето на техничката Влада се случува деорганизација, а не организација во оваа здравствена установа.

Ова е реакцијата на вработените на Клиниката за Токсикологија, кои денеска преку соопштение ја испратија до медиумите, посочувајќи дека од нејзиното назначување за помалку од два месеци долгот на клиниката се зголемил за приближно два милиони денари.

Во писмото испратено од вработените на оваа клиника се вели дека организациската директорка не ги исполнува условите за функцијата, кои како што додаваат, се пропишани со законот за директори.

Во нивната рекација пишува и дека таа на работа доаѓала во 10 часот, а си одела во 14 и 30 часот, односно како што велат на работа присуствувала по четири и пол часа.

„Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката не сака да потпише, зашто не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување. Моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани“,стои во реакцијата на вработените на Токсикологија.

Според нив, поради нејзино одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабараторија веќе два месеци, како што велат, не врши валидација на издадените лабораториски резултати.

Back to top button
Close