Вратен твитер профилот на министерот Османи
По вчерашниот хакерски напад, официјалниот твитер-профил на министерот за надворешни работи Бујар Османи е вратен, соопштија од МНР.

Оттаму велат дека освен неколку избришани твитови, не е забележана некаква посериозна злоупотреба.






