Вучевиќ: До средината на октомври ќе знаеме кога ќе одиме на избори

Министерот за одбрана во Владата на Србија и претседател на владејачката партија СНС, Милош Вучевиќ денеска изјави дека до средината на октомври треба да се знае дали во државата ќе има предвремени избори или не.

Вучевиќ рече дека СНС е подготвена за избори и дека до 15 октомври „треба да очекуваме да ги знаеме датумите, односно кога и кои избори ќе се одржат“.

„Како партија сме подготвени за избори. За ова разговаравме со претседателот на државата Александар Вучиќ и сметаме дека треба да видиме дали ја имаме поддршката од граѓаните. Што се однесува до нас, можеме да разговараме и за декемвриски избори. Најважно е да се постигне политички договор дали ќе одиме на избори, но не прифаќаме некој да предодредува или уценува кои избори ќе се одржат“, посочи тој.

Тој најави и дека претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва ќе претстави нов пакет мерки за помош на граѓаните

Back to top button
Close