Вучиќ: Од среда пониски цени во трговските синџири за 20 основни производи, 170 евра за пензионерите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста соопшти дека е постигнат договор со производителите и трговците за намалување на цените во продавниците, во сите трговски синџири, за 20 основни производи, кои од среда ќе ја носат ознаката „Подобра цена“. Тој најави и парична помош од 20.000 динари (170 евра) за пензионерите, јави дописникот на МИА од Белград.

Претседателот на Србија на прес-конференцијата од потрошувачка кошничка вадеше производ по производ и ги наведуваше цените. Меѓу тие производи се паризер, јогурт, млеко, сок, детергент за садови, шампон за бебиња, тестенини, компири, зачини, кафе.

-Некому тоа им изгледа смешно, мене не ми изгледа така, затоа што ова е нашиот начин да покажеме дека се грижиме и ги разбираме луѓето кога велат дека многу цени се покачиле, додаде Вучиќ.

Тој посочи дека лебот во Србија има убедливо најниска цена во Европа.

-Нема никој во регионот чија цена е блиска до нашата, има такви чија цена е три пати повисока од нашата, додаде Вучиќ.

Тој најави дека милион и 600.000 пензионери ќе се радуваат бидејќи меѓу најавените покачувања на пензиите, од 25 ноември до 5 декември, ќе добијат по 20.000 динари (170 евра).

-Дојдов да објавам една добра вест. Имаме поповолна ситуација во буџетот. Верувам дека ќе достигнеме стапка на раст на БДП од над 2,5 отсто, што ќе овозможи стапка на јавен долг од 51 отсто, така што по ова ќе бидеме најдобри од земјите во ЕУ, кажа Вучиќ.

Back to top button
Close