Вучиќ: За Македонија светот ваквиот конфликт го сопре веднаш. За нас вика “Убијте ги сите”
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вонредната прес-конференцијата по повод немирите на северот на Косово, ја спомена и Македонија.
„Кога имаше ваков вид на конфликт во Северна Македонија, светот тоа го запираше, правеше разговори и договори, денеска рекоа „убијте ги сите“. Кога Србија одеше во Дреница, да се пресмета со тие кои сакаа отцепување од меѓународно признатите држави, тие рекоа дека тоа се борци за слобода, предводени од Адем Јашари, а не терористи. Само изгледа Србите се секогаш терористи“, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ.