За да биде реална слика, ќе треба да гледаме во хоспитализирани и смртни случаи Ковид-19.

Омикрон дава се повеќе реинфекции кај прележаните и вакцинираните лица, но добро е што добиваме информации дека реинфицираните пациенти генерално поминуваат со симптоми на блага настинка.
Ова ги води професорите одново да прогнозираат дека кај и да е пролет-лето ќе заврши пандемијата. На трета мајка
Информациите јасно укажуваат дека поблагите симптоми се поради САРС-КоВ-2 колективниот имунитет и природниот имунитет, не е до самиот Омикрон, тој се уште е опасен за оние кои не прележале или не се вакцинирани со две дози.
Реално има и голем процент, околу 40-60% и од тие кои не се прележани/вакцинирани, што ќе поминат асимптоматски или со еден до два симптоми на Ковид-19. Ова сето остава мал простор за маневрација на вирусот, поради кое не би требало да имаме голем бран оваа зима. Здравје пролетта ќе видиме што ни е закана и до кај е колективниот имунитет.
Зависно од контактите, ќе се развие и врвот, кој насекаде е доста стрмен поради високата заразност на Омикрон, но и поопуштена божиќна и предновогодишна атмосфера.
За да биде реална слика, ќе треба да гледаме во хоспитализирани и смртни случаи Ковид-19.
Но, иако таму треба да се следи сериозноста на ситуацијата, вистинскиот проблем при Омикрон бранот не доаѓа од хоспитализациите, туку од изолациите.
Бидејќи Омикрон е многу позаразен од Делта, а општествово ни е отворено како пупка, веројатно и ние ќе добиеме многу заразени за кратко време, кои дури и да немаат потреба од болничка нега, ќе треба да се отсутни од работа. Ова може да доведе до колапс на многу економски сектори, поради кое е потребно итно да се делува на работните места и да се заштитиме од заразување. Не, не бива со лошо организирана епидемиолошка служба. Бројките ќе се големи за трасирање.
Да потсетиме, пред Омикрон најчесто заразувањата се случија на работното место, а условите не се променети односно се исти како и пред почетокот на пандемијата.
И уште ова.
Идентификувањето колку честа е реинфекцијата, како и колку брзо лицата стануваат ранливи и зошто, носи важни импликации за нашето разбирање за колективен имунитет и напорите да се изведе ефикасна програма за вакцинација
ротив Ковид-19.
Илчо Ефковски






