Заев: Изборите би можело да се одржат и во среда, на 8 јули

Изборите би можело да се одржат и во среда, на 8 јули, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција во седиштето на партијата.

Како што кажа Заев, во тој случај гласањето би можело да се пролонгира, наместо до 19 до 21 часот, а претставниците на избирачките одбори би добиле поголеми дневници.

Сепак, кажа Заев, за тоа би требало да има измени во изборниот законик, за што е потребно широк консензус и оти за тоа би требало да се продолжи вонредната состојба за уште неколку денови.

„За вакви работи се решава со консензус. Доколку не, тогаш останува недела да биде изборниот ден“, истакна Заев.

Back to top button
Close