Заев по средбата со Гаши: Одлуката не ја донесовме денеска, разговорите ќе продолжат следната недела

По денешната неколкучасовна средба на Заев и Гаши во Клубот на пратеници Заев после средбата изјави дека на средбата разговарале за многу проблематики и средби ќе има и во текот на наредната недела.

-Разговаравме за многу важни работи, за кои требаше да се вратиме наназад . Можното идно коалицирање ќе биде врз основа на програмски принципи, што е позитивно, рече Заев.

Заев вели дека одлуките се носат на органи и тела на партијата.

-Се отворија неколку проблематики, затоа останува за време на викендот, да размислиме. Одлуката не ја донесовмe денеска. СДСМ се подготвени за решенијата, што ќе бидат договорени. Ќе продолжат разговорите следната седмица, рече Заев.

Back to top button
Close