Заев за Фокус: Само претседател на СДСМ може да биде мандатар

Денешната средба со Африм Гаши е прва средба, на која не се очекува никаква понуда и барања, вели за Фокус премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, во пресрет на денешната средба со лидерот на Алтерантива, во насока на соработка на двете страни во рамки на владата.

Воедно, Заев негира дека на денешната средба во Клубот на пратеници ќе се појави со идниот мандатар на Владата.

– СДСМ треба да избере прво претседател. Целото членство гласа за избор на претседател на СДСМ. А, мандатарот може да биде само претседател на СДСМ – вели Заев.

Исто така, се обративме и до Гаши, но од него досега не добивме одговор каков епилог очекува од денешната средба во функција на проширување на парламентарното мнозинство и стабилизација на владата.

Неофицијално, Алтернатива треба да добие две министерски места, меѓу кои се споменуваат испразнетото министерство за земјоделство по оставката на Аријанит Хоџа од Беса, како и министерствата за култура и образование.

В.С.

Back to top button
Close