Заев за „Вечер“: Нема потреба од нова вонредна состојба, избори на 5 јули

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев оценува оти нема потреба од нова, петта, одлука за вонредна состојба во државата, а, според него, нема потреба ниту од нов, четврти, пакет на економски мерки бидејќи, како што изјави за весникот „Вечер“, третиот кој е донесен ќе се реализира до есен.

„Нема никаква причина за Владата да побара нова вонредна состојба бидејќе нема основа за нејзино оправдување. Затоа остануваат роковите за избори онака како што се пропишани по Устав и закон, а тоа е 22 дена по завршување на вонредната состојба, поточно на 5 јули“, рече Заев за „Вечер“.

Притоа тој потенцира дека вонредната состојба нема врска со рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, туку досега се носеше за економски мерки за поддршка на економијата и граѓаните.

Back to top button
Close