Здрава состојка која може да ви помогне да изгубите тежина

Босилекот (Ocimum basilicum) своите корисни својства ги должи на неговото етерично масло, кое иако е присутно многу малку во растението, дава многу интензивен, пријатен, препознатлив мирис. Оваа ароматична билка го забрзува метаболизмот, го подобрува варењето и помага во намалување на надуеноста. Иако само по себе не е чудотворно решение за слабеење, може да придонесе за поздрав начин на живот и постигнување подобри резултати.

Забелешка: Пред да користите која било билка за терапевтски цели, задолжително консултирајте се со вашиот избран лекар.

Како босилекот помага при слабеење?

Некои истражувања сугерираат дека босилекот може да има позитивен ефект врз телесната тежина и индексот на телесна маса (БМИ). Еве неколку клучни начини на кои може да помогне:

  • Го забрзува метаболизмот– босилекот може да му помогне на телото побрзо да согорува калории и поефикасно да ја обработува храната, што придонесува за процесот на слабеење.
  • Го намалува стресот – Високото ниво на стрес доведува до зголемување на кортизолот, хормон кој промовира складирање на маснотии, особено во пределот на стомакот. Босилекот делува како адаптоген, што значи дека му помага на телото да се справи со стресот и го намалува нивото на кортизол.
  • Го регулира нивото на шеќер во крвта – Одржувањето стабилно ниво на шеќер во крвта може да спречи ненадејни гладни и прејадување, што придонесува за контрола на тежината.
  • Го подобрува варењето – Лошото варење придонесува и за дебелината. Босилекот помага во разградувањето на мастите и јаглехидратите, а со тоа ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи и го намалува ризикот од вишок килограми.
  • Го потиснува апетитот – Оваа билка може да го регулира хормонот на гладот ​​(грелин), што значи дека помага во намалување на апетитот и контрола на внесот на калории.

(Tрн.мк)

Повеќе…

Back to top button
Close