Зечевиќ негира дека бил позитивен за време на посетата на Охрид

Не бев позитивен за време на посетата во Охрид, ниту имав симптоми, реагира генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, откако ВМРО-ДПМНE го обвини дека ширел ковид-зараза во Охрид на Водици.

-За време на посетата во Охрид, не бев позитивен и немав никакви симптоми – вели Зечевиќ за Фокус, додавајќи дека дури после посетата на Охрид се тестирал, а резултатот на тестот бил позитивен.

Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека тој официјално е позитивен на корона вирусот од 20-ти јануари, што, според нив, значи дека претходниот ден ширел корона меѓу охриѓани.

Back to top button
Close