Жена од Крива Паланка измамена за 60.000 денари

Во Полициската станица Крива Паланка, вчера попладне маж пријавил дека неговата мајка била измамена за сума од 60.000 денари.

– Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во Англија и побарало од неа 60.000 денари за да ја спаси од затвор. Според пријавеното, жената ги дала парите на лицето на договореното место, информира МВР.

По преземени мерки, во врска со настанот бил приведен 46-годишниот С.Р. од Крива Паланка.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close