Жeната треба да се охрабри да зборува за демнеењето, заканите и вулгарностите, јавно и без срам. ТАА НЕ Е ВИНОВНА!

 

Срамот и агонијата која ова девојче го доживеа, доведе и до обид за самоубиство.

А кога го пријави случајот во полиција, хоророт доби институционална рамка. Додека чекаше институциите да се помрднат, сликата се праќаше по групи, а можеби и во оваа одвратна „јавна соба“.

Но, има многу жени и девојки кои, иако се покриени, добиваат манијакални пораки:

„Леле ама си слатка… што би ти правел”. „Ај прати ми слика без марама да те видам”. „Ги знам јас таквите како тебе. Шал и мантил, а одоздола, аууу….”. „Имам комшика која дома носи шал и мантил, а кога ќе ја помине ‘другата страна’ од градот, гола се соблекува, такви сте сите вие, ај не се срами прати ми слика“.

Ако сте од тие кои веруваат дека „жената сама си го барала“ зашто провокативно се облекува, треба да знаете дека жртва на сексизам, вулгарности, шовинизам, манијачно однесување може да биде секоја жена и тоа само зашто е жена!

Жртвата треба да се охрабри да зборува за демнеењето, заканите и вулгарностите, јавно и без срам, затоа што ТАА НЕ Е ВИНОВНА!

Back to top button
Close