Злоупотреба на инвалидските пензии: Уапсени 23 лица, едно во бегство – запленети 110 илјади евра

Од Скопје, Велес, Гостивар и Тетово уапсени се 23 лица, а едно е во бегство. Сите се сомничат за злоупотреби во постапките за добивање право не нега на трето лице и инвалидска пензија. Обвинителството води истражна постапка против 49 лица.

 

-Во текот на 2023 година првоосомничената порано вработена на универзитетска клиника заедно со други двајца осомничени создале злосторничко здружение – група, која имала за цел вршење на кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Примање поткуп“, „Давање поткуп“, „Примање награда за противзаконито влијание“ и „Давање награда за противзаконито влијание“. Во меѓувреме припадници на групата станале уште деветмина осомничени од кои двајца како лекари специјалисти, велат од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Една од институциите за кои се сомничи дека направиле злоупотреби е Клиниката за неврологија каде како лекар е вработен актуелниот министер за здравство. Министерот Арбен Таравари рече дека ги поддржува ваквите акции.

Ние не сме ниту полиција, ниту обвинител, ниту бркаме луѓе, сепак, ги поздравувам сите постапки и знам дека има такви појави, не сакам да генерализирам бидејќи не се сите лекари, но таму каде што има сомнежи, ги поддржувам сите и како министерство за здравство можеме да помогнеме во акцијата и да се исчистиме од криминалот и корупцијата, изјави за тв21 министерот за здравство, Арбен Таравари.

При проверките биле пронајдени и одземени 110.000 евра, 65.000 денари и 100 долари, неколку мобилни телефони, тетратки со податоци на должниците, како и разновидна медицинска документација и повеќе печати.

Back to top button
Close