Зошто е важно да го осигурате вашиот имот: куќа, стан и покуќнина  

Домот е нашето безбедно место и ни ја нуди најголемата заштита и сигурност. За жал несреќите воопшто не се реткост и се случуваат многу почесто отколку што мислиме. Најголемиот број штети кои се случуваат токму во домот се предизвикани од разни фактори врз кои не можеме да влијаеме за да ги спречиме. Пожар, поплава, удар од гром, кражба и провала, бура и силни ветрови се најчестите опасности, но и излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации или пожар во соседните станови може да предизвика голема штета кај вас, така што никогаш не може да бидете доволно заштитени од надворешни фактори.

Разните несреќи можат да го оштетат па дури и уништат домот и предметите во него. Санирањето на последиците од ваквите непредвидливи настани и обновувањето чини многу и трае долго, но само доколку домот и предметите во него не се осигурени. Со домаќинско осигурување на домот, односно станот, куќата, покуќнината и вредните предмети, се превенираат големите трошоци што можат да бидат предизвикани од несреќа, а и секојдневието е безгрижно и без мисла што може да се случи. Токму во тоа е значењето и специфичноста на овој вид осигурување.

Затоа, со домаќинското осигурување од Кроација може да се осигураат а на тој начин заштитат станбените објекти, односно стан, куќа или викенд куќа, предмети и апарати во домаќинството и сето она што за некого претставува вредност.

Ова осигурување опфаќа опширна листа опасности и ризици кои може да бидат закана за домот, како пожар, удар од гром, експлозија, бура, град, излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации и уреди и цевки за топловодни инсталации, провална кражба и разбојништво или паѓање на воздушни летала. Опфатено е сè што може а не сакаме да се случи на нашиот дом, сè што може да ја наруши хармонијата и безгрижноста на секојдневието.

-комерцијална објава-

Back to top button
Close