Зошто овој обид на Вархеји е опасен?

Раздвојувањето на Албанија и Македонија во овој случај нашата земја би ја оставило на слепиот балкански колосек во кој врие од неизвесности и не е исклучено да предизвика реакции во рамките на бројната албанска етничка заедница во Македонија, и се разбира на Косово.
Оваа раздвојување на Албанија и Македонија може да силно да ја засили гравитациската моќ на Тирана во која Албанците од Македонија ќе видат можност за своите европски аспирации.
На сличен начин би можеле на сила да добијат веќе активираните тенденции на Косово за приклучување кон Албанија што индиректно води точно во рамката на оној несреќен нон пејпер од Љубљана и Будимпешта во кој се предлагаше припојување на делови од Македонија кон Албанија.
Дополнително, не јасно е зошто Оливер Вархеји истапува со ваква изјава, истиот ден кога во Лондон се одржа состанокот на влијателната Г7 група во која членуваат главните фактори на меѓународната сцена како САД, Франција, Италија, Велика Британија, Јапонија, Канада, Германија и ЕУ.
Тие, од тој состанок испратија јасна порака за потреба од почеток на преговори за членство со Албанија и Македонија нагласувајќи дека иницијативите за менување на границите на Балканот се опасни. Конечно ако на Г7 состанокот во Лондон,
ЕУ како член стои зад усвоениот став на оваа влијателна групација, тогаш многу е логично да се постави прашањето за кого тоа работи Вархеји, сместен удобно во кабинетот на една од најважните институции на ЕУ.
Одговор е тешко да се добие со оглед на недостапноста на овој унгарски комесар кој не најде за сходно да се појави на ниту едно интервју за медиум од регионот за кој е директно надлежен во неговиот портфељ.
Евентуално, таквото прашање до него може да биде упатено од неговите пријатели во Скопје кои се на жешка линија со Орбан и Јанша. За да дознаеме повеќе околу оваа иницијатива за убивање на процесот на проширувањето.

Back to top button
Close