1000 евра

1 минута читање

Читам и гледам за зградиве во Капиштец. Очекувано, кога нема разумни практични потези, во интерес на градот, екологијата, идните генерации. Во минатото многу пати напишав. Лавиринтите на мораториумот за градење по вертикала и хоризонтала до уставен суд и назад, лево и десно, затоа се и направени. За да не се стопира градежното дивеење во Скопје.

А, решението е практично и едноставно.

Владата носи одлука за еколошка такса по метар квадратен за градење. За се што се гради над три ката, еко-таксата ќе биде 1.000 евра по метар квадратен, покрај постоечките комунални трошоци. Со тоа се штити екологијата, воздухот, барем нормалното живеење, градочалниците и многу нешта.

Сакате да градите?

Нема никаков проблем! Сакате да градите нови три 14-то катници на местото на старата управна зграда на Алумина? Нема никаков проблем. Немаме право да ве стопираме!!Условите се исти за сите во Скопје. Од четвртиот кат нагоре, се воведува плус еко такса од 1.000 евра по метар квадратен  изградена површина. Слободно градете, ако ги исполнувате другите услови за градење. И ако ви дозволува вашиот проициран буџет, што е ваша одлика.

Ова не никаков изум. Ова се применува во нормалниот свет.

Дво-цинизам

Цинично е што ваква одлука носи владата без потреба од одлука на Парламент или други институции.

Дали може?

Не. Политичката и партиско- племенската исповрзаност е непремостива. Владеачките партии ќе ги изгубат градежните спонзори и нафори. А да не зборуваме за спонзорите под-изведувачи кои се бројат на десетици и десетици во секоја градба.  Таа влада никогаш веќе нема да дојде на власт.

Тоа може само независна техничка влада без партии и партиски членови. Со мандат од две години. Прво ќе ја донесе одлуката, потоа ќе ги посети трите комори, кумровачката,северно-кеш и импортерската комора, по позната како Комора 2014. Тогаш можат да организираат округли маси,како во турски бањи и да дебатираат со денови. Па како, па што….

Само таква влада може да направи многу нешта.

По цинично е што ова ќе дојде еден ден, од како сите ќе се изнаситат од дивеењето по вертикала и хоризонтала. Затоа Скопје може слободно да се прогласи веќе за умрено. И по ред Тетово, Охрид….Знаете, ако Љубљана, Загреб и други градови не донесоа на време слични мерки, одамна  ќе беа прогласени за умрено.

Ќе заборавев. Погоре ги спомнав и градочалниците. Верувам дека на многумина ваква мерка ќе им олесни. Знаето зошто? Затоа што ова е сериозно опасно место за живеење ако некој се обиде индивидуално да делува. Нашминкана држава со опасно живеење, ако се обидеш независно да таласаш. Затоа, подеднакво за сите. По џебот. Па слободно гради ако ти дозволува бизнис планот.

Руди Лазаревски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close