39-годишен маж допирал по телото малолетничка, а претходно две години ја следел – таткото пријавил во полиција

СВР Битола информира дека на 04.05.2026 во 21:45 часот во ОВР Прилеп, 44-годишен прилепчанец пријавил дека неговата малолетна ќерка во период од околу две години била следена и полово вознемирувана од 39-годишен прилепчанец.

Според пријавата, осомничениот во текот на вчерашниот ден во продавница ја допирал по телото.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

Back to top button
Close