Дури 29 отсто од тестираните во Бугарија позитивни на Ковид-19

Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени уште 3.568 случаи на заразени со коронавирус, а 162 пациенти умреле од последиците на Ковид-19, објави денеска на својата веб-страница бугарската Влада.
Во моментов, активни се 88.224 случаи, од кои 6.655 се во болница, а 430 на интензивна нега.