Притвор за жител на Пепелиште заради убиство во обид

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 43 – годишно лице, привремен жител на село Пепелиште, Неготино, поради основано сомнение дека  сторил кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

-Осомничениот на 4 декември 2020 година, околу 5.00 часот, во настаната расправија и вршење на семејно насилство, со намера да ја лиши од живот, со нож повеќе пати ја нападнал неговата сопруга во пределот на главата. Со тие дејствија на оштетената и нанел повреди во вид на посекотини во пределот на лицето и десната подлактица. Во обидот за убиство го спречил таткото на сопругата, по што осомничениот се дал во бегство, соопшти вечерва Јавното обвинителство.

Поради постоење на околности кои укажуваа дека притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, постоење на околности кои укажуваа на опасност од бегство и страв дека осомничениот ќе влијае на сведоци или пак ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд доставил предлог на осомниченото лице да му биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Кавадарци го прифатил предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.

Back to top button
Close