СП 2026: Холандија ја декласираше Шведска

Првиот натпревар од денешната програма на Светското првенство заврши со убедлива победа на Холандија против Шведска со 5:1. Се беше решено на самиот почеток на натпреварот кога Холандија за 17.минути водеше со 2:0, а на стартот од вториот дел постигнаа уште два гола.
Првите два гола за „лалињата“ ги постигна Брајан Броби во 5.минута и 17.минута, а на почетокот на вториот дел стрелец на головите беше Коди Гакпо во 47.минута и 54.минута. Пет минути подоцна Шведска намали преку Ентони Еланга, а конечните 5:1 ги постави Крисенсио Самервил во 89.минута
Во вториот дуел од 2.коло од групата Ф утре во 06 часот играат Тунис и Јапонија.
Од вечерашната програма се играат и дуелите од Е групата: Германија – Брегот на Слоновата коска (22 часот) и Еквадор – Курасао (02 часот по полноќ).






