Сага за Ваксајнови

 

1Стигна соопштение од Кабинетот на Артан Груби со кое се известуваат медиумите дека „првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците ќе учествува во поставувањето на новите тријазични патокази на македонски, албански и англиски јазик на Коридорот 8 од страна на ЈП ‘Македонија пат’ и Јавното претријатие за државни патишта“.

Мало потсетување за тие што не се од тука. Годината е 2021. Длабоко навлезени во 21 век. Во светот владее пандемија. А вицепремиерот на една европска држава што е членка на НАТО учествува во поставување сообраќајни знаци. И медиумите известуваат за неговото учество. Ај што не ми е јасно на кој начин вицепремиер  „учествува“ во поставување патоказ. Копа ли дупка покрај патот, става столпчиња, пишува ли на таблата, ја брише од прашина…? Туку, не е ни обичен вицепремиер. Прв е.

И после се чудиме зошто никако да стасаат вакцините против ковид-19.  Изгубени се по пат оти досега немаше патокази и на албански јазик.

2Изминатава недела земјава забележа голем напредок во вакциналниот процес. Покрај фрижидерите и голите надлактици, веќе имаме и список на граѓанки и граѓани со изразена намера за вакцинирање. Исполнети се три од четири елементи потребни за имунизација. За оваа фаза на процесот тоа е сосема океј.

Фалат магнетчиња за фрижидерите, ама тие ќе ги набавиме од Кина во следната фаза кога ќе почнеме да развиваме вакцинален туризам. Бидејќи ние имаме најразвиен угостителски сектор. Хотелиерите бараат тие да бидат во првата група за вакцинација со сестрите и лекарите, кафеанџиите бараат работното време да им биде неограничено… Ако немало свадби ќе ја блокирале државата со протести.

Туку, како тргнала работава, еве ги вакцините, ене ги, утре ќе дојдат, деновиве ќе дојдат, кај и да е и јули- август ќе нѐ фати, па таман во туристичка сезона ќе се вакцинираме. Чекањето е во согласност со нашата традиција. Чекаме датум. И таман ќе стаса датумот, нешто ќе се искомплицира. Па чекаме нов датум. И таман ќе дојде новиот датум, оп – технички детали се во прашање и ете ти нов датум за чекање. Уште Кинеска Нова година ни фалеше. Сега и таа ќе ја чекаме. Што сè не сме дочекале па и таа ќе помине.

Толку е напната приказната за вакциниве и толку непредвидени заплети има, да почне човек сега да пишува роман „Сага за Ваксајнови“ бестселер ќе стане уште во ракопис. Најзадрт антиваксер да си, во ваксер ќе се претвориш. Инает те фаќа. Па криво ти е. Цел свет го чипираа, само нас – не. Ни за едно чипирање не нѐ бива.

Целата колумна можете да ја прочитате на СДК.мк

 

Back to top button
Close