Меѓународен повик за обезбедување пристап и функционалност на образовни објекти за лица со посебни потреби

– Делегацијата на Европската Унија во Скопје објави меѓународен тендер со отворена постапка за изведба на градежни работи за адаптација на постојните образовни објекти во земјава за да се обезбеди пристап и функционалност за лицата со посебни потреби.Повикот е во рамки на програмата ИПА/2019/041-263 Годишна програма за Република Северна Македонија за 2019 (Цел 2) – ЕУ за инклузија. Целта не проектот е  да го подобри пристапот во 10 до 15 образовни објекти во Северна Македонија.

Како што објави Министерството за образование и наука, градежни зафати за адаптација ќе бидат изведени во училиштата: ССУ „Наум Охридски“ – Охрид; ОУ „Братство – Единство“ – Дебар (ново име ОУ„Пенестија“); ОУ „Лирија“ и ССУ „Ѓоце Стојчески“ – Тетово; ОУ „Браќа Миладиновци“,  „Крсте Мисирков“, ССУ „Наце Буѓони“ и ОУ „Бајрам Шабани“ – Куманово и во три скопски училишта  – гимназијата СОУ „Раде Јовчевски Корчагин“ и основните „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кисела Вода и „Лазо Ангеловски“ во Аеродром.

На листата објекти во кои ќе се реализираат градежни зафати за пристапност и функционаност се и факултетите од кампусот на УКИМ – Филозофски и Филолошки факултет, Правен, Економски, како и Архитеконскиот и Градежниот Факултет на УКИМ, а покрај овие образовни установи на листата е и Младинскиот културен центар во Скопје.

Back to top button
Close