Нелсон Мандела

Здодевно е без поранешниот ни премиер З.З. Печатните медиуми се пред колапс, а електронските маки мачат со своите контактни политички емисии кои сега никој не ги гледа. Истрошените аналитичари немаат кого да напаѓаат, а и да бранат. Викендашот од Харвард е уште тазе премиер и баеги кадровски ослабен, по дисидентството на коавторот на Преспанскиот и договорот со Софија.

Само на хирургот му олесна. Бенигно е остранета дипломатската звезда, Никола Димитров, кој ќе мора да се притаи до 2024, до кога можеби ќе застари и делото на Опатијецот, па конкуренцијата за претседателски кандидат ќе се зголеми.

Пендаровски до тогаш има шанси за многу гафови. За тоа подоцна. Здодевна е и политичката сцена. Опозицијата по рецепт на земање на антибиотици препишува три пати дневно да се бараат предвремени избори на кои се сигурни дека ќе победат.

Треба да се верува во победа и да се подготвува за тој чин. Безпотребно e трошењето енергија на предвремени избори. Нека ја проучат сегашната криза во Црна Гора. Владата ќе падне само од себе, како и претходната. Новата влада треба да ја научи лекцијата.

Позицијата има исто погрешна перцепција, демек пет години години не ги бивало, од објективни причини, ама СДСМ добро игра во второто полувреме, а и во продолжението, кога полни со енергија се способни да финишират за што ќе се увериме на редовните избори 2024, заедно со претседателските.

Помалите партии чекаат по некоја ронка и задоволни се што се во владата. Се надеват и во идната ќе статираат на политичката сцена. Тоа им е единствен модус вивенди. Кадрови немаат и затоа се прилепуваат кон очекуваните победници.

Во тој концепт урнек даваат НСДП (не знам по што е нова) и партијата на полицаецет, секогаш и го заборавам името, а како нов амблем може да го земе лимениот петел, “ветроказ” кој достоинствено се перчи и врти на крововите на градските куќи, онака како ветерот дува.

 

Но, не треба да тагуваме за исчезнувањето на З.З. Тој е на сигурно и добро чуван и не бара апанажа, со што го зголемува буџетот. А наследници за титулата “Мистер грешка”, сепак има.

Најозбилен кандидат да го надмине , во тој поглед З.З. е сегашниот Претседател на нашата земја, брзоплетиот С. Пендаровски, за кого оставката на З.З. добро му дојде, па сега ја покажува својата уставна моќ во предлагањето и прифаќањето на амбасадорски кандидати.

За досегашните негови устоличувања за амбасадори , најдобро зборуваат резултатите. Кој му пречеше до сега да постави амбасадори во Вашингтон, Москва, Софија, Белград или да ги смени неспособните во Берлин, Париз, Лондон, Њујорк и др. Сега без З.З. рацете му се одврзани. Чекаме резултати. Но како го избра својот кабинет, резултатите многу не се очекуваат.

 

Претседателот С.П. воодушевен од Хардварскиот дипломец, бугарскиот премиер К.Петков, во контексот на новата реторика во недоразбирањата со Софија, изјави дека “премиерот на Бугарија во споредба со претходниците е како Нелосон Мандела, бидејќи новиот бугарски премиер не ја практикува реториката што до вчера беше стандардна за некои претставници (не наведува кои, моја забелешка) на бугарската власт”.

Со тоа претседателот С.П. ги надмина критериумите на оценување на придонесите на балканските политички деители и како пример, со ништо непредизвикан, го потенцираше борецот против апартхеидот, а со тоа и за слободата. Каде и како претседателот С.П доби инспирација за оваа паралела. Како може упокоениот Господин Нелсон Мандела, да го спореди со почетникот К.Петков.

Што пронајде претседателот С.П. за три недели во ставот на премиерот К.Петков, што го потсетува на реториката на Нелсон Мандела. Што виде ново во ставовите на Петков во однос на бугарската позиција. Секако нашиот претседател не мислел на положбата на Македонците во Бугарија, која би асоцирала на расната нетрпеливост, против која Мандела се борел и скапувал во зандани.

Но споредба сепак постои. Проблем е што тоа С.П. не може да ја артикулира. Поради тоа изјавата му е од дипломатски аспект целосно промашување. Софија виде со каков човек си имаат работа. Ослободена Африка, нема абер што се случува на Западниот Балкан, па ни паралелата на

 

претседателот С.П. не може да се толкува како комплимент за Нелсон Мандела. А премиерот К. Петков и претседателот С.П. се во Јужна Африка непознати. Било како било во добивање на титулата “Мистер грешка”, најголеми шанси да го надмине З.З. има претседателот С.П.

Настаните во регионот и превирањата во геополитиката му даваат добри шанси, пред истекот на мандатот да го надмине З.З. Нереагирањето на затрашувачката изјава на нашата Министерка за одбрана (кај ја најдоа) потврдува дека е на најдобар пат.

Ама и поранешниот германски канцелар Х. Кол со години беше “Herr Fehler”, ама истера четири мандати, а за грешките е објавена и книга. Затоа, претседателе напред. Издавачот е обезбеден.

 

На министерот Б. Османи му олесна. Инсајдерот во владата, негов двостран конкурент (како вицепремиер и МНР) е сега слободен стрелец. Додека е ДУИ на власт Н.Д. е без шанси за функција. Патот е слободен, па затоа невнимателноста е зголемена и поради персоналот кој го обслужува во МНР, а можеби и инструментите не се доволно стерилизирани.

 

Министерот Османи не научи дека министрите за надворешни работи не милуват да даваат многу изјави. Нашиве па и Вие, во тоа уживате. Тоа е знак дека демек постоите, бидејки резултатите не се видливи или опипливи. Зборовите се мелем на рана која никако да зарасне.

Не помагат ниту надрилекари. Не правите разлика на МНР и еден министер за здравство или далеко било за земјоделие. Нивните грешки се локални со локални последици кои секојдневно народот ги чувствува. МНР нема право на грешки.

Такви грешки се стратешки, макар што на прв поглед изгледаат политички бенигно. Ви текнува, почитувани читатели таргетот ми е последната изјава на министерот Османи. Прво, треба да ја заборавите изветвената флоксула “основниот принцип е политиката на политичарите, историјата на историчарите “.

Таа е сосема погрешна и служи како алиби за недовршена работа. Министерот Османи не ги познава основните постулати во работа на таквите комисии, па наведува дека “историчарите не смеат да зборуваат за процесот што ги дефинира политичките прашања”, а истовремено неговиот соработник (последен на маса од негова десна страна) меко се јавуваше на еден поранешен член на нашата комисија, кој сам даде оставка.

Заборава дека токму експертите даваат аргументи за политички ставови кои потоа се презентираат, и тука Бугарија е во предимство, барем дипломатски, архивски и публицистички. Историчарите директно не се мешат во политичкиот дијалог, но нивното мислење е база да донесување на политичка одлука.

 

Потоа во истото интервју (05.02) министерот Османи влегува во втора грешка, истакнувајќи дека “јавноста и општеството не смеат да расправаат за историските личности и нивното значење, туку за тоа можат да расправа само (нагласувам само) Комисијата”.

Двојна грешка. Дали треба да објаснувам. Каде е МАНУ, Институти, Универзитет и др. Министерот Османи никако да објасни кој е неговиот тим што води преговори со МНР на Бугарија.

Парадоксално, пратениците можел да ги информира за процесот со Софија во својот Кабинет, ама не пред говорницата на Собранието.

Др Османи оди понатаму во грешките, велејќи дека “заедничкото одбележување на настаните е процес што е продукт на работата на Историската комисија, односно дека тој проблем се решава со заеднички наратив од страна на историчарите во Комисијата”.

Па како тогаш историчарите не коментират и преидуцираат варијанти за решенија на политичките прашања?

 

Третата ли четвртата грешка е констатацијата на МНР, Османи дека делегацијата на Владата на Бугарија се најде во Скопје на 04. февруари и положи венец на великанот Гоце Делчев, бидејќи случајно била во Скопје на покана на Бугарската телеграфска агенција на отворањето на канцеларијата на агенцијата во Скојпе. На прв поглед протоколарна грешака, ама не само.

Во бугарската делегација беше и министеркста за надворешни работи T. Генчовска. Редно беше да ја пречека нашиот министер Османи, кој во тоа време беше во Брисел заедно со премерот, што не е дипломатска практика.

Очигледно е дека критериум за добар МНР кај нас е бројот на часовите проведени во воздухот. Истовремено во Благоевград на истата свечаност по ист повод беше Претседателот Радев и премиерот К. Петков, а од наша страна Вршителот наработите. Тоа е нашата дипломатија.

Претседателот Пендаровски и МНР Османи, мораат итно да назначат амбасадор во Софија. Не смеат да направат кадровска грешка.

За Софија професорот по римско право би бил прифатлив и агреман би добил за седум дена. Можеби е корисно претседателот Пендаровски да предложи еден од видните членови на Советот на амбасадори, кои не пропуштаат прилика да ги поздрават потезите на нашата влада, а и претседателот во ресорот за кој сметаат дека се компетентни.

 

Министерот Османи со невидлива леснотија поминува преку скандалите кои го потресуваат МНР и тоа оние најсериозните со кои е загрозен кредибилитетот на министерството за надворешни работи. Пред нас се големи предизвици во оваа година.

Зимата на нашето незадоволоство (Штајнбек) брзо ќе помине. Пролетните води се закануваат да однесат и она што кај нас не е направено. Метафори од стилот на Нилсон Мандела не импресинонираат и не помагаат. Покорисно би било министерот Османи да одговори со која агенда и во кое својство, лидерот на “Зелените” го посети Косово и разговараше со премиерот Курти, посебно во делот за пограничната соработка.

 

Пишува: Ѓорѓи Мисајловски

 

 

 

Back to top button
Close