Големо М

Во вториот билатерален Протокол меѓу Македонија и Бугарија што на 17 јули го потпишаа министрите Османи и Генчовска во Софија има точка што се однесува на говорот на омраза. Државите ја потврдуваат обврската за преземање мерки против секој вид говор на омраза и ги определуваат министерствата за надворешни работи за контакт и за информирање на надлежните институции за заедничко идентификување на таков говор, во написи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор.

Ден подоцна, на 18 јули Бугарија со посебна декларација во ЕУ потврди дека не го признава македонскиот јазик. Да сме сега некои граѓани, па да ја затрупаме нашата „контакт точка“ – македонското Министерство за надворешни работи со барем еден милион поплаки за говор на омраза од Бугарија кон македонскиот јазик. Не на Фејсбук, туку во МНР.

Седнале професори македонисти и петиција на Фејсбук креирале, па споделуваат, се потпишав, се потпишавпа си ставаат лајкови. Голема работа. Па институција сте, доктори на науки сте, професори, име и презиме сте. Поднесете ја во Влада, во Собрание, во МНР…

Институција со институција разговара, не со Фејсбук. Сите ние што говориме на македонски јазик, што пишуваме на македонски јазик, што пееме на македонски јазик, што снимаме филмови на македонски јазик, играме во театар на македонски јазик, создаваме наука на македoнски јазик, сите ние да му пишеме на МНР дека сме соочени со говор на омраза од државни претставници на една земја – членка на ЕУ. Европски документ е, ние европски постапуваме. Извини Бујар, ама така е според Протоколот.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК. мк

Back to top button
Close