Пиколомини за модерно Скопје
Додека сообраќајот во Скопје беше колабиран, градот блокиран, а возачите на ЈСП бараа плати, во Советот на Град Скопје советниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и градоначалничката Арсовска пет часа се расправаа за „шпицниот градоначалник“, за „рацете во медот“ и за „кој колку е неспособен и кој колку крадел“ и дека претседавачот Трајко Славески барал службена кола со возач и најнов ајфон. Среде таа расправија видовме како градоначалничката ја менаџирала кризата. Наместо да преговара со синдикалците, да бара пари да исплати плата, едно чудо кризи натежнале, главниот град се распаѓа, а таа да ти барала начин како да му го укине копчето на претседавачот на Советот Трајко Славески со кое ѝ го исклучувал микрофонот додека зборува на говорница. И успеала со ангажманот. Копчето на Трајко навистина беше неактивно. Ама и тој се покажа ербап. Па ѝ го зеде микрофонот. Цврц!

Да не мислите дека некој во Советот на Град Скопје тој ден помислил на граѓаните што изгубија дневници оти не можеа да стасаат на работа, на учениците и студентите што не можеа да стасаат на предавања, на болните што имаа закажано прегледи?
Не, бре. Се виде колку им се важни граѓаните кога драмата што почна со дојавата за бомба во градските автобуси на крај заврши со исклучување на копчето.
Ова ме потсети на оној стар бугарски виц за првиот бугарски астронаут што го пуштиле во вселената заедно со кучето Лајка. Кога прашал што треба да прави му рекле: Нарани кучета, не пипај копчета.
Е па, на тоа се сведе Коалицијата „За модерно Скопје“ на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска. Нарани ги кучињата. Дај им пристап до пари. И не чепкај ги копчињата.
…
Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука






