Коста K. во изолација на психијатрија, семејството ќе ја напушти Србија
Семејството на Коста К.(13), кој на 3 мај уби осум деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ Белград, веројатно ќе ја напушти Србија, пренесува Пинк.рс.
Според психолозите таквата одлука е најдоброто решение, особено за десетгодишната сестра на Коста.
Таткото Владимир, моментално е во притвор, а мајката, земала неплатен одмор од Биолошкиот факултет и се повлекла со ќерката на непозната локација.
Милан Костиќ, психолог и судски вештак, смета дека и помалата сестра на Коста е жртва на нејзиниот брат,
-Тоа девојче не направи ништо, а цел живот ќе биде обележана. Важно е да и се објасни на мајката дека можеби најдоброто решение е да ја напуштат државата. Мислам дека разделбата од Коста е и мајката мора да прифати дека покрај синот има и ќерка и дека мора да направи нешто за да ја заштити – вели Костиќ и додава:
Тој забележува дека мајката и таткото ќе ги чувствуваат последиците до крајот на животот, но дека сестрата, можеби поради младоста, нема.
-Кога ќе порасне, можеби во одреден момент сестрата ќе се дистанцира од тоа злосторство, но… Сега единствено решение е промена на средината. Најкорисно е да се смени презимето, но не сум запознаен со процедурата – вели Радовановиќ.
Бора Бањац, бивш началник на Управата за борба против организираниот криминал во Србија, смета дека можеби е најдобро решение за семејството на Коста да се отсели во некоја далечна земја.
– Што со нив, мајката и сестрата? Во Белград за нив нема живот, ниту во Србија. Мислам дека во ниедна земја од регионот не би можеле да живеат зашто порано или подоцна ќе се дознае кои се. Можеби да заминат преку океанот, некаде доволно далеку. Ако останат овде, единствено решение им е да го сменат идентитетот, но прашање е дали ќе може тоа да го направат – вели Бањац