ГАЛЕРИЈА:Објавени фотографии од Бејрут пред и по експлозијата
Руската космичка агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија.
Покрај тие, фотографии објави и една израелска и една француска компанија.
Првата фотографија е од 4 ноември 2019, и на неа се гледаат голем број магацини, хангари и други објекти во близина на водата. Втората е направена денеска и на неа се гледаат само остатоци од објектите на пристаништето.