Кривична за тројца полицајци – со службено оружје пукале во шума и се снимале
Како што информираат од МВР, А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи Север, ќе одговараат за „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
„А.Д. на 23.05.2022 и второпријавениот Д.Д. на 24.05.2022 во текот на работното време додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано „Ѓинов Камен“, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани. Исто така, првопријавениот А.Д. на 29.02.2024 и третопријавениот Ј.Б. на 08.03.2024, во време кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на место викано „Ѓинов Камен“, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматска пушка“, велат од МВР.
Внатрешна контрола ќе поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против Ј.Б. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка