ФОТО: Со спекталуларна церемонија свечено отворени Летните олимписки игри во Париз

Со спектакуларна церемонија во Париз, која траеше три часа и 30 минути, беа отворени 33 Летни олимписки игри 2024 година. Делегацијата на Македонија. ќе ја претставуваат шест спортисти.

Македонското знаме на отворањето на најголемиот спортски настан во светот го носеа Мила Рељиќ и Дарио Ивановски. Покрај нив двајца, во олимпискиот тим се и Еди Шерифовски, Анастасија Мојсовска, Владимир Егоров и Никола Ѓуретановиќ.

Што се однесува до земјите од регионот, Србија ќе имаат најмногу спортисти, вкупно 112. Словенците ќе бидат во тим од 90 претставници, Хрватска има 73, Црна Гора 19, Косово девет, Албанија осум и Босна и Херцеговина пет.

Повеќе од 7.000 спортисти пловеа со чамци по реката Сена, покрај иконите и најпознатите знаменитости на француската престолнина. Церемонијата ја следеа приближно 300.000 гледачи на лице место во средина досега невидена.

За прв пат свеченото отворање на Игрите се одржа надвор од стадионот, на улиците на градот и за првпат секој ќе може бесплатно да го проследи најголемиот спортски спектакл. Беа поделени над 200.000 билети, додека уште околу 100 илјади требаше да се платат.

На најголемиот спортски настан во светот ќе учествуваат 10.714 спортисти од 206 земји, во 45 натпревари и 32 спортови. Ова ќе бидат шести најскапи Игри во историјата, а Французите за овој настан издвоиле 8,2 милијарди долари.

На крајот говореше претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, кој му дозволи на претседателот на Франција, Емануел Макрон, да ги прогласи Игрите за отворени

Back to top button
Close