Арсовска до Мицкоски: Ако јас сум “кумата” ти си гробарот на јавниот превоз

Продолжува кавгата помеѓу скопската градоначалничка Данела Арсовска и премиерот Христијан Мицкоски.

Арсовска утрово му испрати писмо на премиерот, нарекувајќи го „гробарот на јавниот превоз“.

„Патриоту Мицкоски, реформата на јавниот сообраќај која ја споменуваш, ти ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа реформа, ти го колабираш јавниот превоз со своите полтрони советници. Мицкоски, ти не гласаш за нови автобуси затоа што побарав сите партии во советот на Град Скопје да се вклучат во избор на спецификација и услови за набавка, ама така ти ‘патриоту’ Мицкоски нема да можеш да преговараш со производители на автобуси како што правеше на почетокот на мандатот кога за тебе бев најдобриот менаџер во Европа. Ајде ‘патриоту’ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа кој го саботираш со твоите мицковистички полтрони во советот, или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор, градоначалник кој ти го молеше да го поддржиш на избори бидејќи твоите кандидати не ти се допаѓаа и не ти биле доволно градски луѓе. ‘Патриоту’ Мицкоски, сѐ што разбра јавноста за тебе во овие изминати години е дека не може да ти се верува, исто како за враќање на името на Македонија, исто како за уставобранителите, исто како и за набавката за нафта за ЈСП која преку твојата директорка Богева ја поништи, за да креираш криза од која сега ќе нѐ спасуваш“, се вели во реакцијата од Данела Арсовска.

Ваквата нејзина реакција следува откако ВМРО-ДПМНЕ преку сооптштение обвини дека таа е „кумата на хаосот“ во Скопје

Back to top button
Close