Рубио најави напредок за безбедносните гаранции за Украина: Трамп тврди дека договорот е блиску

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, соопшти дека е постигнат напредок во разговорите за идната „безбедносна архитектура“ за Украина и Европа по завршувањето на војната со Русија. Разговорите што треба да се одржат оваа недела би можеле да донесат дополнителен напредок, изјави Рубио, без да открива детали. Тој нагласи дека безбедносните гаранции се постојана тема во преговорите за завршување на конфликтот.

Рубио зборуваше пред новинарите пред заминувањето за Париз, каде што денеска и утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Групата седум (Г7).

Преговорите меѓу Русија и Украина, со американско посредништво, се закажани за вторник и среда во Абу Даби. Се очекува американската делегација да ја предводат специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека верува оти е постигнат значителен напредок кон договор за завршување на руско-украинската војна.

„Верувам дека сме многу блиску до постигнување договор“, изјави Трамп во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес. Тој додаде дека како резултат на евентуалниот договор картата на Украина „ќе биде малку поинаква“, но не даде дополнителни детали за можните територијални промени

Back to top button
Close