Пронајден мртов свиркачот на OpenAI
Сучир Балаџи (26), свиркачот кој ги обвини OpenAI, компанијата која стои зад ChatGPT, дека го прекршиле законот за авторски права во САД, беше пронајден мртов во својот стан во Сан Франциско, на 26 ноември.
Полицијата не наоѓа доволно докази кои укажуваат дека се работи за убиство и судскиот совет во Сан Франциско одлучи случајот да го води како самоубиство.
По четири години работа како истражувач во OpenAI, Балеџи го напушти работното место во август и отогаш, постојано ја критикуваше работата на компанијата. Во една прилика тој изјави дека ChatGPT технологијата штети на Интернетот, а во својата последна објава на социјалните мрежи, тој ги посочи негативните страни на развојот на AI технологијата во целата индустрија.