Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа
Во заедничка операција на романската и германската полиција и Агенцијата на ЕУ за соработка во кривичната правда растури организирана група романски хакери кои украле над 100 милиони евра од сметките на повеќе од 700 луѓе во Европа.
Утрово во романските окрузи Олт и Валчеа и во главниот град Букурешт извршени се претреси на 13 адреси како дел од истрагата поврзана со нелегална употреба на уреди или компјутерски програми, нелегален пристап до информациски системи, измами со особено сериозни последици и друго.
Паралелно германската полиција изврши претреси и на две адреси во Германија и во Австрија.
Истрагата утврдила дека групата била формирана во 2022 година од тројца Романци, а подоцна им се придружиле други лица со цел да се стекнат со материјална корист преку измами.
Групата во периодот од август 2022 до декември годинава користејќи „фишинг“, презеле контрола над 120 кориснички сметки на меѓународна платформа за онлајн тргување. Тие на платформата објавувале фиктивни огласи за продажба на артикли, што всушност не ги поседувале. Корисниците на платформата купувале непостоечки стоки, а парите ги уплајќале на банкарски сметки фиктивни лица.
Досега во Европа се идентификувани 708 жртви, а вкупната штета изнесува над 106 милиони евра, соопшти романската полиција.