Суд во Авињон утре ќе донесе пресуда за сопругот и 50 други мажи обвинети за долгогодишно силување на Жизел Пеликот

Суд во Авињон утре ќе ја донесе пресудата за Доминик Пеликот и околу 50 други мажи обвинети за долгогодишно силување на Жизел Пеликот, сопругата на првообвинетиот, која стана икона на феминизмот со нејзината одлука да го одржи судењето отворено за јавно со цел да се сврти вниманието кон сексуалните злосторства врз жените ширум светот.

Во ноември, обвинителот побара максимална затворска казна од 20 години за Доминик Пеликот, кој речиси една деценија ги организирал групните силувања на неговата сопруга Жизел додека била дрогирана и онесвестена. Пеликот ги снимал силувањата и споделувал фотографии и видеа од злоупотреба на неговата сопруга.

Тој призна дека ги „регрутирал“ силувачите на интернет. Француското обвинителство побара казни од 10 до 18 години затвор за 51 второобвинет.

Back to top button
Close