Иран го пролонгира усвојувањето на законот за задолжително носење хиџаб
Иран го одложи усвојувањето на нов, построг закон за задолжително носење на хиџаб. Се претпоставува дека законот би можел повторно да предизвика протести, слични по смртта на Махсе Амини во 2022 година.
Контроверзниот закон беше одобрен од Парламентот во септември 2023 години, а во текот на неделата требаше да биде испратен до Владата.
– Во овој момент не е изводливо да се спроведе овој закон, изјави неименуван ирански функционер, без да наведе детали.
Законот претходно беше отфрлен од претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан. Ако законот поминеше, тогаш Пезешкијан мораше да го потпише во рок од пет дена, а во следните 15 дена да стапи во сила. Претседателот на Иран нема овластување да стави вето.
Ако беше усвоен законот, Пезешкијан евентуално би може да одбие да постапува според него или да ја повика полицијата да не го спроведува. Тој претходно изјави дека законот има „голем број прашања и нејаснотии“.
Пезешкијан би можел да се обиде да го убеди 85-годишен ирански врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој го има последниот збор за сите државни прашања, да го стопира предлог-законот.
Новиот законот предвидува парични казни од 800 долари за првиот прекршок и 1.500 долари за вториот прекршок, а потоа следи затворска казна до 15 години. На богатите може да им се земе и дел од имот, додека компаниите ќе се соочат со затворање и парични казни ако жените не носат хиџаб. На жените кои одбиваат да носат хиџаб може да им биде забрането да патуваат.
Законот, исто така, ќе им дозволи на странските државјани да ги пријавуваат жените кои не носат хиџаб. Сопствениците на фирми и таксистите би биле охрабрени да пријават жени без хиџаб. Додека полицијата би имала пристап до снимките од приватен надзор, па дури и снимки од безбедносните агенции, Министерството за одбрана и цивилната нуклеарна агенција во земјата.