Ѓоковиќ и Северина со силна поддршка на студентите во Србија
Тениската легенда и српскиот омилен лик, Новак Ѓоковиќ ги поддржа студентите, професорите и средношколците кои со недели протестираат барајќи одговорност за трагедијата што се случи на железничката станица во Нови Сад кога загинаа 15 лица.
Српскиот тенисер, на својот „Икс“ профил напиша:
„Како некој што длабоко верува во силата на младите и нивната желба за подобра иднина, сметам дека е важно нивниот глас да се слушне.Србија има огромен потенцијал, а образована младина е нејзината најголема сила.
Тоа што на сите нас ни е потребно е разбирање и почит. Со вас, Новак“, порача Ѓоковиќ.
Тој претходно ги поддржа и протестите против копање на литиум во Србија.
Поддршка на студентите им даде и познатата Северина:
„Ви благодарам за се, држете се, чувајте се. И јас сигурно ќе дојдам што е можно поскоро, се надевам. А вие знаете дека ќе дојдам. Ве сака Севе“, рече таа во видеото кое им било прикажано на студентите, кои ја наградија со силен аплауз